Триесетина полицајци од „Блаце“ под истрага дека намерно ги искршиле боди-камерите

 1,171 

30 полициски службеници стационирани на граничниот премин „Блаце“ се под истражни мерки на внатрешна контрола поради сомнение дека намерно ги оштетиле камерите прикачени на своите униформи, јавува Алсат.

Телевизијата од извори во полицијата дознава дека мотивот за кршење на камерите се сомнева дека е отстранување на докази од ситуации кога полицајци ја злоупотребуваат службената положба. Полицијата поведе повеќе истражни постапки за докажување на одговорноста и намерното уништување на камерите. Засега нема кривична пријава.

„Внатрешната контрола работи на овој случај. Утврдено е дека се скршени една камера и 12 полначи за камери. На 30 лица им е изречена дисциплинска мерка, а се применува и постапка за материјална штета. Се преземаат и други мерки за санкционирање“, соопштија од МВР.

Истрагата за уништување на телесни камери доаѓа паралелно со истрагата покрената по скандалот со поткуп на овој граничен пункт каде пред два дена беа приведени двајца полицајци за примање поткуп, дело што беше докажано преку видео снимка објавена од емисијата „ Стоп“.

Пријавите на двајцата полицајци Елхам Шкрета и Зилбехар Ракипи стигнаа до Јавното обвинителство од каде се очекува да продолжат со кривично гонење. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Leave a Comment