Уапсени двајца крадци во Битола

Вчера полицијата во Битола уапси две лица кај кои е констатирано дека се пронајдени предмети за кои постои сомевање дека се стекнати на нелегален начин преку кражба. Против овие лица ќе биде поднесена соодветна пријава известија од полицијата.

„На 17.04.2024 во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода К.Б.(30) и Н.Б.(41), двајцата од Битола. информираат од МВР.

При претрес во домот на К.Б., извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пари во различни апоени и повеќе предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.

Додека, при претрес во домот на Н.Б., извршен исто така со судска наредба, биле пронајдени повеќе предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик“, се наведува во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Leave a Comment