Вчера во 15.05 часот на улица „180“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Ф.Р.(48) од Тетово, постапувајќи по претходна пријава дека во повеќе наврати преку социјални мрежи се заканувал на новинарката Л.В.Т.(32) од тетовска Мала Речица.
Тој е задржан во полициска станица Тетово и по документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.