Црквата “Св. Петка” се наоѓа на излезот од селото Русиново, на патот кој води кон селото Владимирово. Таа датира од првата половина на деветнаесетиот век, богата е со икони и записи кои се однесуваат на различни временски периоди. Исто така во ова село може да се посетат уште капелната црква “Св. Архангел Михаил“ од 14 век, а со убавината ќе ве плени и капелната црква “Св. Марко“ каде што се прави (црковно – народен собир) на празникот Голема Богородица на 28 август секоја година.