Убавина, Свети Атанасиј кај Лешок (видео)

Свети Атанасиј претставува главната манастирска црква на Лешочкиот манастир. Неа ја возобновил егуменот Серафим во 1924 година. Била изградена во многу убав стил со три куполи, една централна и две на пронаосот. На десната купола вградена била канбанеријата. Оваа црква била изградена според планот изработен од архиетектот Андрасов. Црквата со прекини се градела 10 години. Во 2001 година истата била разрушена до темел, но веднаш била комплетно рекоструирана и реосветена.

Секоја година се орджува манастирски собир на 28 август, кога се собираат голем број на верници од селото,околината и подалечените места кој број изнесува над неколку илјади верници. Додека патрониот празник на црквата е Атанасовден Летен на 15 мај секоја година

За внатрешното уредување и во изработката на иконостасот и на архиерејскиот престол, биле ангажирани мајстори од Гостивар во 1936 година, од чии имиња познати се само иницијалите И.С.Т.Р.Ж кои се испишани на задниот дел од царските двери. Живописот во црквата е од икони и фрески, сите биле изработени со донации на православни христијани од регионот. Иконите што биле на царските двери биле на Пресвета Богородица и на Свети Архангел Гаврил. Лево до царските двери била насликана Пресвета Богородица до неа на влезната врата бил Свети Атанасиј, десно од царските двери бил насликан Господ Исус Христос а на десната врата Свети Јован Крстител. Во втората зона биле претставени дванаесте апостоли, Распетието Христово и под него Воскресението Христово. Над централната купола Христос Содржател. Сите биле изработени во 1936 година од непознат зограф.

На северниот и на јужниот ѕид, во една и во две зони се наоѓале подарени фрески, изработени од зографот Теодос Колски од Скопје во 1962 година. Отогаш па наваму ја зографисувале повеќе зографи поради што по својот квалитет се разликуваат. Во олтарот на чело на престолот се наоѓал монументален голем крст изработен од камен оникс. Интересно е тоа што дека над влезната врата се наоѓале две фрески, едената на Свети Атанасиј, а втората била Св. Кнез Лазар. Претходно обновување на манастирот било извршено од 1965 година до 1968 година под раководство на егуменијата Меланија ,а во поново време истото било сторено од старешината на манастирот протојереј-ставрофор Димитрие Крстевски.

Уништувањето од 2001

Оваа манастирска црква беше минирана и целосно уништена на 21 август2001 година. Со ова уривање на манастирската црква уште еднаш се потврдило дека историјата на селото Лешок се повторува. Црквата била разрушена до темел со минирање. Останат бил само нартексот од западниот дел и скоро целиот западен ѕид од наосот. Двете куполи на нартексот биле останати, при што на јужната купола биле видливи конструктивни пукнатини. Од експлозијата било се уништено, освен неколку фрески на светители коишто останале на неурнатите ѕидови. Но црквата „Св. Атанасиј“ била реконструирана со истиот камен што бил користен во нејзината првична изградба. Камењата биле сочувани и нумерирани со помош на националниот Институт за заштита на културното наследство, кој направил детална студија за проектот. ЕУ обезбедила околу 410.000 евра за обнова на ѕидот и фасадата, преку Европската агенција за реконструкција (ЕАР) во Македонија. Неговото преосветување било во 2007 година, кога Македонската православна црква прославувала 40 години од својата автокефалност. На празникот наПокров на Пресвета Богородица било извршено осветување на црквата „Св. Атанасиј“. Осветувањето на Црквата го извршил Неговото Блаженство,Архиепископот Охридски и Македонскиг. г. Стефан, а на чинот на осветувањето присуствувале и поголем број од архијереите на Синодот на МПЦ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Leave a Comment