УСВОЕН ПРЕДЛОГОТ НА ЛЕВИЦА ЗА ОСВЕТЛУВАЊЕ НА МОСТОТ И ТУНЕЛОТ НА БИТОЛСКАТА ОБИКОЛНИЦА

 2,451 

📢Испративме иницијатива за поднесување на барање до ЈП за државни патишта на Република Македонија за осветлување и поставување на соодветна сигнализација на тунелот и мостот над градот на регионалниот пат А3, коридор Е-65.✅

Сите знаеме дека безбедноста е јавен интерес да ги заштитиме пред се граѓаните.✅Повеќе години нема интервенција од надлежните за заштита на граѓаните, односно осветлување на тунелот и патна сигнализација околу мостот над Битола.❌Сведоци сме на неколку тешки собраќајни незгоди, токму поради тоа што овој дел не е осветлен и нема патна сигнализација. Тунелот повеќе години на еден начин живеалиште на животни, односно коњи и кучиња во сопственост на ромското население и моментални предизвикувачи на собраќајни незгоди.📢Доколку се осветли соодветно овој тунел и се постави патна сигнализација, значително би се намалил ризикот од секаков вид на опасност кој можи да биди предизвикан како претходниов период. Би се зголемила видливоста, со патната сигнализација би се ограничила брзината и дополнителни патокази за опасност од можни препреки.✅Во иднина, ќе предлагаме уште иницијативи и барања како до Општината така и до надлежните институции кои се во сопственост на централната власт и да се надеваме дека јавниот интерес за безбедноста и заштита на граѓаните ќе биди од сериозен карактер.💪💯

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Leave a Comment