Утре изменет режим на сообраќај во Битола по повод канонизацијата на Св.преподобномаченичка Стефанида Битолско-скадарска

СВР Битола ИЗВЕСТУВАЊЕ

Секторот за внатрешни работи Битола ги известува жителите на градот Битола дека

на 30.06.2024 (недела), во периодот од 07,00 до 13,00 часот, по повод канонизацијата на

Светата преподобномаченичка Стефанида Битолско-скадарска, која ќе се одржи во

Соборниот храм „Св. великомаченик Димитриј“ во Битола, ќе биде воведен изменет режим

на сообраќај по улиците: „Довлеџик“, „Бул. 1-ви Мај“ (и од двете страни), дел од ул. „Широк

сокак“, „11-ти Октомври“, „Кирил и Методиј“, „Славко Лумбарковски“, „Јорго Османо“, „Стерјо

Георгиев“ и „Цар Самоил“.

Секторот за внатрешни работи Битола апелира до сите граѓани учесници во

сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски

службеници и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, како и сообраќајната

регулатива за изменетиот режим на сообраќај со цел безбедно одвивање на сообраќајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Leave a Comment