Големата торжествена гевгелиска литија со чудотворната икона на Пресвета Богородица-Согленска, по прв пат, оваа година ќе ја благослови Гевгелија.Во Манастирот „Свети Спас“, утре, недела, 28 ноември 2021 година, со почеток во 9 часот ќе биде отслужена Света Златоустова Литургија.Молитвената Литија ќе започне во 11 часот, од дворот на Манастирот, ќе се движи низ градското шеталиште, ќе помине покрај зградата на Општината и ќе пристигне во Црквата „Свети Кирил и Методиј“На чело на Литијата ќе биде човек кој ќе го бие клепалото, потоа носачи на крстови, рипиди, знамиња, псалти, хорот„Свети Јован Кукузел“ од Гевгелија и членови на Ансамблот „Бојмија. Секој што сака да земе молитвено учество во ова торжество е добредојденОној што ја почитува Богородица, не може да ја загуби својата душа
С.А