Годинава , утре започнува Вевчанскиот карневал кој е стар 12 века
Во Вевчани на Василица секој празнува и прославува. Карневалски поворки се обележјето кој всушност е културно просветна и научна манифестација која што се одржува по стариот Јулијански календар, на едно деноноќие, на 13 и 14 јануари. Карневалот е настан со традиционални маски и претставува симболизација на една свадба во чиј состав влегуваат традиционалните маски: зетот и невестата, побратимите, Глупиот Август и василичарите како свадбари. Музиката се зурли и тапани, кои што се наменети за василичарите, односно за василичарската свадба. Маските на карневалот остануваат како такви во текот на целото време односно тие традиционалните не се пагански, туку се сретнуваат на карневалот од 9 век во старата Кутмичевица, во чиј простор влегуваат струшките предели со вевечанското поднебје.
Локацијата каде што започнува е почетокот на селото, собрани во две групи: горномааалски и долномаалски. Активните дејствија на карневалот се следни – посета на секое вевчанско домаќинство, потоа крштевање на бистрите Вевчански извори, гостењето на василичарската визита и трансформирањето на групите василичари на Вевчанскиот карневал на сред село, во текот на едно деноноќие. На крајот од карневалот се палат маските, а веќе следниот ден се сублимираат случувањата и се утврдува собраната сума парични средства која васлиличарите ја добиваат после посетата на куќите и се гледаат приоротетите на нивно наменско трошење за потребите на заедницата.
На 13 и 14 јануари сите патишта водат во Вевчани. Кога ќе стигнете до портите вевчански отворето го ќесето и платете влез, затоа што така е редот. За време на карневалот Вевчани дише и живее со полни гради, не се штедете и почувствувајте ја традицијата македонска која опстојала со векови.
Со отворање на Мултикултурниот центар „Коста Србаноски“, на 12 јануари во Вевчани ,започнува традиционалниот Вевчански карневал. Тридневната карневалска манифестација покрај дефиле на маскираните василичарски друштва ќе има и музичка програма и изложба на фотографии и слики од повеќе македонски автори во Мултикултурниот центар, а со огномет ќе се одбележи Новата година според стариот Јулијански календар.
Со него се соживуваат и активно, сите присутни учествуваат во карневалските поворки сè до крајот, на 14 јанаури, во попладневните часови. Традиција стара дванаесет века, поточно кога Вевчанци го прифаќаат светецот Василиј Велики како заштитник на Вевчани и вевчанските василичари.
Градоначалникот Спасе Кочовски најави настап на македонски пејачи, како поддршка на домашните уметници во време на пандемија. Годинава ќе настапат диџеј Фејс, Жаре Бербер, Елена Јовчевска, Сања Ристеска и Дамјан Стојаноски.Сите присутни треба да ги почитуваат препораките за заштита од Ковид 19 и да носат заштитна маска
Снежана