Утре ќе се знае што договориле со трговците

 72 

Министерот за економија и министерот за финансии Крешник Бектеши и Фатмир Бесими денеска имале средба со трговците на големо и на мало, со најголемите ланџи на супермаркети во држвата, на која разговарале за листата на продукти кои веќе се во одлуката, а која утре ќе биде соопштена на прес конференцијата која ќе ја одржи премиерот Димитар Ковачевски.

Бектеши рече дека ќе биде соопштено она што е веќе договорено и им се заблагодари што тие прифатиле повеќе од предлозите на владата, имајќи предвид дека на сите ни е јасно дека се соочуваме со најголемата глобална криза.

Тој вели дека ќе има трговски и фискални мерки и дека кај сите индустрии кој се најпогодени ќе има мерки, без притоа да презицира некои од нив.

„Во делот на цената на лебот имаме информација од страна на големите трговци, особено од големте ланци на супер маркети дека ќе има намалување на маржата која сега е наведена, а утре ќе кажеме колку точно ќе биде тоа“ вели Бектеши.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Leave a Comment