Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) информира дека вчера во 15:00 часот од страна на Шумската полиција бил запрен камион кој превезувал дрва во количина од 8,70 м3.
„При извршената контрола утврдено е дека лицето Ј.М. кое што управувало со возилото е вработено во Шумска полиција Крива Паланка и воедно е со несоодветни исправи, односно на самата испратница како возач на возилото наведено е друго лице со иницијали М.Ј. Од таа причина од страна на Шумската полиција возилото е привремено одземено и е предадено во ЈПНС Кратово до соодветна понатамошна постапка. Против вработеното лице ќе се спроведе постапка, одговорност за ова ќе има“, се вели во соопштението