Финансиска полиција има нов директор

 1,441 

Од Владата за МКД.мк потврдија дека денеска за нов вршител на должноста директор на Управата за финансиска полиција е назначен Горан Иванов, инаку вработен како истражител во оваа државна институција.

Горан Иванов доаѓа на местото на досегашниот директор Арафат Муареми кој од функцијата се повлече неодамна, по вербалниот – медиумски судир со сега суспендираната обвинителка Вилма Русковска против која поднесе и кривична пријава, со цел, како што рече тогаш Муареми, на никаков начин да не ѝ попречува на постапката што ја поведе Обвинителството за овој случај кој ескалираше по претресот во Управата што го направи Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција под водство на Русковска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Leave a Comment