Почитувани читатели неодамна во Белица се осветија темелите за новата црква која е посветена на Свети Јован Крстител. Фотографиите се превземени со претходна дозвола од одговорното лице за фб страницата со кое преку вибер исконтактиравме. Имаме уште прекрасни работи за објавување за Белица и нејзините убавини , во ова место има и црква Свети Александар македонски војник кој се празнува на 26 ти мај и за таа црква ќе ви подготвиме репортажа. За новата црква Свети Јован Крстител во Белица кичевско се осветија темели на радост на сите верници, за оваа нова црква течат и понатаму донации за добронамерниците и хуманите луѓе кој може и сака колку може да се вклучи, во прилог ви доставуваме активен линк од фб страницата Белица каде што имате повеќе информации има и жиро сметка и телефонски број :https://www.facebook.com/belica.mk/
Сега да ја погледнете галеријата фотографии од осветувањето на темелите за новата црква Свети Јован Крстител кај Белица
Видео од настанот https://www.facebook.com/belica.mk/videos/334292646334745
На одговорните лица им благодариме за дозволата за да објавиме материјали од овој прекрасен настан и им посакуваме здравје и успех и наскоро да ја видиме и убавата нова црква на Светиот Јован Крстител
Снежана