(ФОТО) Претепан новинарот Зоран Божиновски

 364 

Зоран Божиновски синоќа во Битола бил претепан од две непознати лица, објави Плусинфо, приложувајајќи фотографии од сопственикот на „Буревесник“.

Божиновски бил нападнат пред неговата куќа во Битола и со повреди бил пренесен во битолската болница, а неговата сопруга била сведок на целиот инцидент.

На Божиновски му е скршен носот и има други повреди на главата. Изутринава е пуштен на домашно лекување, но попладнево повторно мора да се јави во болница.

Напаѓачите најверојатно биле вооружени со метални боксирачи на рацете.

Настанот бил пријавен во полиција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Leave a Comment