Црквата само посочува , а на луѓето останува кој како милува тоа нека носи.
Тоа е суеверие , кога веруваш дека два конци црвен и бел ќе ти донесат среќа, а бројаницата која кога се плете се плете со молитва и таа не се носи за ,,среќа,, туку служи да се молиме со помош на неа.
Според едно старо предание, некој монах сакал да направи волнена бројаница за да би ги одбројувал своите молитви, но ѓаволот секогаш му ги одврзувал направените јазли. Еднаш му се јавил ангел Господов и го научил да плете јазли, што се состоеле од по седум исплетени крстови. Таквиот јазол е ден од најсложените во светот. Вака направената бројаница ѓаволот не можел да ја расплете.
Затоа ,секој оној што на својата рака ќе стави или на својата облека ќе закачи таканаречена ‘мартинка’ (нешто како нараквица направена од црвен и бел конец) за здравје и среќа, да знае дека од тој момент (свесно или несвесно) се откажал од Бог, односно од Православната Вера и Црква, и не може да учествува во нејзините Свети Тајни.