Црква свети Апостоли Петар и Павле ,Подмочани

Црквата е изградена на ридот Подмочанска Горица, од каде се пружа одличен поглед на целото Преспанско Езеро

Црквата била подигната со пари од македонски иселеници од Австралија, Америка и од Канада. Најголемиот дел од средствата биле донирани од страна на стопанственикот од Чикаго, Борис Ничев, кој е по потекло од Подмочани

Целокупната инвестиција на црквата, камбанаријата и самиот Преспански крст изнесувала над двесте илјади евра

Црквата е целосно фрескоживописана. Живописот бил изведен од страна на Васил Трајковски од Скопје

Иконостасот во црквата бил изработен од страна на копаничарот Цветан Николовски, а иконите во него се дело на иконописецот Петар Герасимов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Leave a Comment