154
Облаково порано се викало Старо Село и се наоѓало на спротивната страна од планината. Жителите на Старо Село морале да го напуштат селото бидејќи во него се ширеле заразни болести, ден по ден се зголемувал бројот на заболени и починати, затоа жителите одлучиле да го напуштат тоа село и да изградат ново село под облаците, од каде доаѓа и неговото име Облаково кое и ден денес постои.


