Црква „Св. Јован Златоуст“ – Ангелци

Пред да биде изграден Манастирот на негово место се наоѓала куќа. На сопственичката на куќата Гина Бандулова Трајкова и се сонило дека треба да ја напуштат куќата бидејќи под нејзиниот темел се наоѓа христијанска црква. Кога сопствениците не сакале да ја напуштат куќата бидејќи немале каде на друго место да одат, им починало најмалото од своите четири деца. По овој чин старата куќа била разрушена а на нејзино место бил изграден манастирот посветен на Свети Јован Златоуст.

Денешниот манастир започнал да се гради во 1940-тите а целосно била изградена во 1950 година со помош на жителите на селото.

фото Од Тиверополник — сопствено дело, CC BY-SA 4.0, https://commons.wikimedia.org/w/index.php?curid=58788640

Долги години манастирот бил место каде што се ванчавале сите млади парови во селото и каде што ги крштевале своите деца, каде што се празнувале сите верски празници, сè до градењето на црквата св. Спас во 2016 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Leave a Comment