ЦУК:Во Тетово оштетени возила од невремето, има и други пријави

Регионалниот ЦУК Тетово информира дека на Единствениот повикувачки број 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК) се добиени приајви за последици од невремето во Тетовско.

На 112 во ЦУК е добиена пријава од вработен во ресторан „Шари“, Лисец (Општина Тетово) кој информира за оштетување на повеќе коли од невремето, на паркингот на угостителскиот објект. Се очекува увид од надлежните служби.

Во 19:49 часот е добиена пријава на 112 во ЦУК дека во повеќе дворови на ул „Иво Лола Рибар“ во Тетово има влезено вода од улицата после оболните дождови. Има материјална штета.

На 112 во ЦУК е добиено известување за излевање на водата од канализацијата на ул. „169“ во Тетово. Водата што се излева од канализација навлегува во дворовите на жителите во ова подрачје и преставува опасност за поплавување на нивните семејни домови.

Најновите информации од УХМР се:

Нестабилната маса од Полошкиот регион се приближува кон западниот и северозападниот дел од Скопје. Од појави моментално има силен ветер, а се очекува наскоро и пороен дожд и грмежи.

Тетовско, Скопско ,проследено со пороен дожд грмежи засилен ветер и појава на суградица ,нестабилноста се движи кон север

фото илустрација

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Leave a Comment