ШТО Е СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО?

Семејното насилство може да се јави како малтретирање, навредување, загрозување на сигурноста, телесно повредување, полово или друго психолошко,
физичко или економско насилство со кое се предизвикува чувство на несигурност, загрозување или страв,
вклучувајќи и закани за такви дејствија, спрема брачен другар, родителите или децата или други лица кои
живеат во брачна или вонбрачна заедница или заедничко домаќинство, како и спрема сегашен или поранешен брачен другар, вонбрачен партнер или лица кои
имаат заедничко дете или се наоѓаат во блиски лични
односи, без оглед дали сторителот го дели или го делел
истото живеалиште со жртвата или не.

Семејното насилство може да се јави во следниве форми и облици:
✔ домашно, физичко, психолошко или економско
насилство
✔ силување или сексуален напад во брак, надвор од
брак
✔ сексуална злоупотреба во детство
✔ злосторства во име на „честа“
✔ присилен брак, малолетнички бракови
✔ сексуално вознемирување
✔ трговија со луѓе и сексуална експлоатација
✔ демнеење
✔ вознемирување или насилство на работно место
или јавен простор
✔ сајбер насилство или вознемирување

КОЈ МОЖЕ ДА БИДЕ СТОРИТЕЛ И ЖРТВА НА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО?

Насилството кое се случува кон:
✔ Брачниот другар,
✔ Родителите или децата или други лица кои живеат
во брачна или вонбрачна заедница или заедничко
домаќинство,
✔ Сегашен или поранешен брачен другар, вонбрачен партнер или лица кои имаат заедничко дете
или се наоѓаат во блиски лични односи.
Се смета за семејно насилство, без оглед на тоа дали жртвата и сторителот го делат истото живеалиште во
моментот на настанување на насилството.

КАДЕ ДА СЕ ОБРАТАМ АКО СУМ ЖРТВА НА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО?

во центрите за социјална работа на Министерството за труд и социјална политика на територија на
цела држава.
Листата на Центрите за социјални работи со контакти
од овластени лица е дадена на следниот линк:
www.mtsp.gov.mk/institucii.nspx
Центарот за социјална работа ги презема следниве
мерки за заштита на жртвите: сместување во центар за лица – жртви на семејно насилство; соодветна
здравствена заштита; соодветна психо – социјална
интервенција и третман; психо – социјален третман
во советувалиште; помош на семејството за редовно
школување на дете; правна помош и застапување, и
економско јакнење на жртвата преку нејзино активно
вклучување на пазарот на трудот.

здруженија, кои се регистрирани за давање услуги
за социјална заштита.
Листата на здруженија регистрирани за давање на
услуги за социјална заштита е достапна на:
www.mtsp.gov.mk/registri.nspx
Национална бесплатна мобилна СОС линија за
жртви на семејно насилство
070/ 141 700
075/ 141 700
077/ 141 700

директно во најблиската полициска станица или на
телефонскиот број:
192
Во најблиската од 34-те подрачни одделенија
на Министерството за правда, за добивање на
бесплатна правна помош.
Кај здруженијата овластени за обезбедување на
бесплатна правна помош.

Единиците на локалната самоуправа (општини) кои
неминовно треба да ве упатат каде да се обратите
доколку ја немате претходната информација за истото
Здравствените установи – кои се должни веднаш
да извршат преглед и друг медицински третман на
жртвата и за истото да и издадат соодветна медицинска документација за констатираната повреда

КАКВИ ВИДОВИ НА ЗАШТИТА МИ СЛЕДУВААТ КАКО ЖРТВА НА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО?

А. Привремени мерки за заштита во граѓанска постапка
Заради запирање на насилството, отстранување на
последиците од извршеното насилство и преземање
на ефикасни мерки кон сторителот на насилството,
на сторителот на семејно насилство можат да му се
изречат привремени мерки за заштита:
✔ Забрана да се заканува дека ќе стори семејно насилство
✔ Забрана да малтретира, вознемирува, телефонира, контактира или на друг начин комуницира со
член на семејството, директно или индиректно
✔ Забрана да се приближува на растојание помало
од 100 метри до живеалиштето, училиштето, работното место или определено место кое редовно
го посетува друг член на семејството
✔ Отстранување од домот без оглед на сопственоста
✔ Забрана да поседува огнено или друго оружје или
истото да му биде одземено✔ Задолжително да ги врати предметите кои се потребни за задоволување на секојдневните потреби на семејството

✔ Задолжително законско издржување на семејството

✔ Задолжително да посетува соодветно советувалиште
✔ Задолжително лекување на сторителот доколку
злоупотребува алкохол, дрога и други психотропни
супстанции или има психичко заболување
✔ Задолжително да ги надомести медицинските идругите трошоци настанати од семејното насилство

Привремените мерки за заштита се бараат со поднесување предлог до надлежниот суд непосредно
или преку центарот за социјална работа, додека центарот за социјална работа може директно да поднесе предлог со согласност на жртвата. Предлог
за изрекување на привремена мерка може да се
поднесе без оглед дали се води кривична постапка.

Кривично правна заштита – кривична постапка
Семејното насилство е кривично дело. За сторителите на насилство се предвидени затворски казни.
Кривичните постапки се иницираат од страна на
полицијата по службена должност без да се бара
ваша согласност, освен за кривичното дело телесна повреда, за кое е потребна ваша писмена согласност. Потребно е да го пријавите насилството
во најблиската полициска станица или да се јавите
на телефон. Побарајте да разговарате со полициски службеник кој што работи на случаи на семејно
насилство. Откако ќе дадете изјава, полициските
службеници ќе соберат и други докази и заедно со
кривичната пријава ќе ги достават до надлежното
јавно обвинителство (ОЈО), кое пак, ќе ги проследи до надлежниот суд.

Доколку вашиот живот или животот на вашите блиски е во сериозна опасност,
судот е должен да нареди итно отстранување на
насилникот од домот и да му издаде наредба за
забрана за приближување до вас. Истовремено,
го известува и надлежниот центар за социјална
работа за да преземе мерки за ваша заштита.

Полициските службеници треба да ве информираат за
мерките што ќе бидат преземени против сторителот
на насилство.
Доколку полициските службеници не поднесат кривична пријава до надлежното јавно обвинителство,
самите можете да поднесете предлог до ОЈО
или приватна тужба до основниот суд, во рок од три
месеци од денот на насилството. Ако ви е страв да
сведочите пред судот во присуство на насилникот,
побарајте од судијата да сведочите без негово присуство.
Судот потоа носи пресуда со која го осудува насилникот или го одбива обвинението, или пак, го ослободува од обвинението. Видот на казната може
да биде: казна затвор, алтернативна мерка (условна казна, судска опомена и др.) или парична казна.
Доколку не сте задоволни од пресудата, имате право на жалба до Апелациониот суд во рок од 15 дена
од добивањето на примерок од пресудата.

КАДЕ МОЖАМ ДА СЕ ОБРАТАМ ЗА ДА ДОБИЈАМ БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ?
✔ Здруженија и правни клиники кои се овластени за давање на бесплатна правна помош
✔ Адвокати со стекнати овластувања за давање на секундарна правна помош
✔ Во подрачните одделенија на Министерството за правда

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Leave a Comment