Што е сработено за 3 месеци од Македонец за Македонец, еве ги деталите…

 1,063 

По повод ,три месеци од отварање на Канцеларијата Македонец за Македонец ,до јавноста Ор .Аманет 1903 та Скопје ,достава известување за сработеното во овој период.

Проект,санација на Црквата “Свети Никола” во иницијатива на нашата Организација а под Каузата Македонец за Македонец , секојдневно носи позитивен и видлив резултат.Самиот објект веќе е измалтерисан и околу него е направена бетонска стаза.Дворот се прекрива со бетонските коцки и потпорен ѕид околу Црквата е осигуран и работата околу зацврстување е во тек. Со тековен проект ,Канцеларијата Македонец за Македонец ,работи секојдневно и на приемот на новите членови како и на соработка со поединци и малите фирми кои што се обврзуваат да работат со нас,кон промени за подобро утре на Македонецот во Македонија.Сигурни сме дека во некои нови проекти ќе успееме заедно.Да му дадеме шанса на Македонецот за да се бори за Македонија. Во секојдневна комуникација со граѓаните на град Скопје секојдневно се соочуваме со предизвици и штета нанесена и на Македонија од воопштено сите политички гарнитури,ама најмногу од предавничка,владаечка гарнитура на СДС.Како мала Организација,немаме кредибилитет за да ветуваме ,ама имаме сила и упорноста за да исполнуваме,во рамка на нашите можности она што се очекува од нас. Јасно е и очекувано дека Ор.Аманет 1903 та Скопје ,безрезервна поддршката ја дава на вчерашниот протест во Битола .Никако не смееме да премолчиме осудување за Македонштината во Македонија.Тука сме,заедно да ги осознаваме проблемите и да ги решаваме,потпрени еден на друг. Македонец за Македонец,не е само збор,тоа е дело кое што се гледа и кое што ќе остане позади нас како Аманет на идни поколенија.Тоа се обединувачки дланки под вечното Сонце. Со почит Ор.Аманет 1903 та Скопје

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Leave a Comment