Ќе ги бранел Украинците: 61-годишен Хрват замина за Украина

 70 

Г о оставам семејството. Ги оставам децата и одам во Украина како волонтер, вели Драган Мартиќ од Хрватска.

„Сакам да им помогнам на тие луѓе затоа што знам што е агресија. Тие ги бомбардираат нивните куќи, згради, градинки и болници. Се засолнуваат во метрото и сликаат. Сиромашните луѓе страдаат и јас сакам да придонесам колку што можам“, вели тој.

Тој ги доставил своите податоци и чека покана од конзуларното претставништво, каде што ќе добие дополнителни инструкции. Тој не е единствениот. Доаѓаат и други доброволци во зградата на украинската амбасада и се пријавуваат да одат на бојното поле.

Првите хрватски борци веќе се во Украина, а тој набргу ќе им се придружи.„Украинците се добар и мирен народ, кој го сака својот мир. Видете сами што се случува. Зарем тоа не е агресија? Не е ли тоа пекол? Го видов тоа девојче од четири или пет години како плаче. Затоа сакам да помогнам“, низ солзи ги објаснува своите причини Мартиќ.

извор Маркукуле

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Leave a Comment