Џафери до Апасиев: Кастро, работата е сериозна!Кој заглавил во снегот со летни гуми, па некој треба да го турка

 77 

Димитар Апасиев, лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев обвини дека претседателот на Собранието, Талат Џафери го злоупотребува процедуралното обраќање.

-По кој пат го пуштате координаторот на СДСМ во процедурална расправа? Еве 5 часот е нема мнозинство. Сите ве чекаме од 3 часот. Срамота е ова да го правите, рече Апасиев на собраниската седница на која се разгледуваат предлозите на Владата за измени на законите за акцизи и за ДДВ.Џафери му се обрати на Апасиев и го нарече „Кастро“.

-Сите ние сме Собрание. Имаме одговорност пред граѓаните. Ги сакаме или не мерките да ги донесеме што се пред нас. Нашите гласачи ќе проценат кој како им мисли добро. Ова е сериозна ситуација. Не е до мене што нема пратеници. Некој заглавил, се возел со зимски гуми на снегот. Кастро извини, за мене ова не е смешно. Работата е сериозна. Одиме во скратена постапка, му се обрати Џафери на пратеникот.

ВИДЕОhttps://www.facebook.com/watch/dsplenka/

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Leave a Comment