20 санкции за брзо возење на територија на СВР Битола

 100 

Во текот на вчерашниот ден (25.09.2022) на територијата на СВР Битола спроведена e акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкионирани се 20 возачи од кои 16 ја пречекориле брзината во населено место и 4 возачи ја пречекориле брзината надвор од населено место.

На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.
Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

СВР Битола


ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Leave a Comment