3,984 На 11.08.2022 година во 19:10 час во Полициска станица Прилеп М.Ш. (24) од Прилеп пријави дека околу 18:00 часот бил физички нападнат од Е.Б.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.- информираат од СВР – Битола
3,227 Во Обвинителството е повикан д-р Жан Митрев, кој, како што дознаваме, е на распит кај обвинителот Гаврил Бубевски кој го води предметот.- јавува Фактор.мк Од Обвинителството за Фактор ја потврдија оваа информација. „Жан Митрев е повикан на распит во Обвинителството на распит за одредени околности за предметот кој го води Обвинитеклството, односно ОЈО Скопје по допрен глас од јавноста“, ни изјавија од Обвинителството. Како што е познато, Обвинителството отвори предмет, по серијалот емисии Нечиста крв за наводни неправилности во таа приватна болница поврзани со лекување на пациенти.
2,373 На 11.08.2022 година во периодот од 17:00 до 22:00 часот во рамките на „Безбедно лето“ беше спроведена акциска контрола на Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп и Полициска станица Прилеп во содејство со инспектори од Управата за јавни приходи Битола со цел утврдување на присуство на малолетни лица во објекти за игри на среќа. При контролата е затекнато едно малолетно лице по што ќе следат соодветни поднесоци.- информираат од СВР – Битола
1,237 Според УХМР, во Скопската котлина ќе преовладува променливо облачно, посвежо и нестабилно време со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината во текот на овој период ќе има појава на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрично празнење пранење и град. Од денеска попладне до недела под влијание на циклонска активност на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветар. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме, со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрично празнење и град, најавуваат…
742 Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР постапувајќи по пријава од Здружението на новинари на Македонија за непрофесионално полициско постапување на 11.08.2022 кон новинарката на Фокус В.К. од Неготино, а во врска со поплака од страна на жена од Неготино која на 08.08.2022 удрила малолетник со автомобил на улица ,,Маршал Тито” во Неготино, за што новинарката објавила текст, утврди несоодветно извршување на работните задачи од полициски службеници и поради тоа ќе бидат изречени дисциплински мерки односно ќе биде поведена дисциплинска постапка против тројца полициски службеници,…