Две екипи на Нискоградба Битола чистат сливници и шахти на улиците

 1,674 

 1,674  КЈП Нискоградба-Битола 38 мин.  ·  Почитувани,КЈП НИСКОГРАДБА Битола во текот на оваа работна недела интезивно чисти сливници и шахти на улиците : С.Наумов Партизанска Дулие Филип II. Македонски Железничка и места кои се критични. На терен ќе бидат вклучени две екипи. фб објава објавена на официјалната фб страница на https://www.facebook.com/kjpniskogradbabt

прочитај повеќе...

Во општина Долнени одржан состанок помеѓу градоначалникот Ибески, помошник началникот на СВР Битола Шабани, и командири на п.о. Ропотово и п.с. Прилеп

 1,621 

 1,621  Денеска (23.08.2022) во општина Долнени се одржа состанок помеѓу градоначалникот на општина Долнени, Урим Ибески, помошник началникот на СВР Битола Африм Шабани, командирот на Полициското одделение Ропотово, Ванеса Колашинац, командирот на Полициската станица Прилеп, Дарко Цуцулески.  На средбата беше разговарано во врска со штетите од синоќешните поплави, кои се направени на подрачјето на општина Долнени, за безбедносната состојба на граѓаните по невремето, санација на штетите. Исто така, на состанокот стана збор и за функционирањето на  Локалниот совет за превенција.- информираат од СВР Битола

прочитај повеќе...

„Слави со срце, не со оружје“- превентивна акција на СВР Битола

 802 

 802  Во рамки на континуираните превентивни активности на СВР Битола како дел од оперативниот план „Безбедно лето 2022“, денеска (23.08.2022) беше реализирана превентивна активност под мотото– “Слави со срце, не со оружје“ на подрачјето на СВР Битола. Целта на оваа активност е афирмацијата на совесното и одговорно однесување на граѓаните при разните прослави и веселби, без употреба на оружје или други пиротехнички материјали, затоа што употребата на оружје може да има тешки последици, односно директни закана по здравјето и животот на граѓаните. Активностите се реализираа на повеќе локации низ градовите,…

прочитај повеќе...

На денешната владина седница е разрешен државниот правобранител Фехми Стафа

 1,078 

 1,078  На денешната владина седница е разрешен државниот правобранител Фехми Стафа, потврдуваат од Владата. Допрва се очекува образложение за ваквата одлука. Стафа беше назначен на функцијата од август, 2018 година. Инаку Стафа пред неколку месеци поднесе кривична пријава за неуспешната конфискација за случајот ,,Трансмет”, против обвинителите Гаврил Бубевски и  Артан Ајро, како и за досегашниот директор Арафат Муареми, но од друга страна обвинителството ја истражува и неговата улога, односно на Државното правобранителство во случајот со конфискацијата на имотот на бизнисменот Сеад Кочан.

прочитај повеќе...

Финансиска полиција има нов директор

 1,502 

 1,502  Од Владата за МКД.мк потврдија дека денеска за нов вршител на должноста директор на Управата за финансиска полиција е назначен Горан Иванов, инаку вработен како истражител во оваа државна институција. Горан Иванов доаѓа на местото на досегашниот директор Арафат Муареми кој од функцијата се повлече неодамна, по вербалниот – медиумски судир со сега суспендираната обвинителка Вилма Русковска против која поднесе и кривична пријава, со цел, како што рече тогаш Муареми, на никаков начин да не ѝ попречува на постапката што ја поведе Обвинителството за овој случај кој ескалираше по…

прочитај повеќе...