23 возачи извршиле непрописно престигнување на територија на СВР Битола

 1,235 

 1,235  Во текот на денешниот ден (02.10.2022)во периодот од 14.00 до 19.00 часот на територија на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои вршат непрописно престигнување. При контролата констатирани и законски санкционирани се 23 возачи. За време на контролата биле санкционирани и останати 18 прекршоци. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила. Информација од СВР Битола

прочитај повеќе...

Пронајдено телото на 22- годишниот кумановец

 649 

 649  Пронајдено телото на 22-годишниот кумановец Алсат дознава дека пред неколку минути во водите на реката Вардар било пронајдено безживотното тело на кумановецот Ердон Рамадани, кој на 27 септември доживеа несреќа кај селото Желина. Извори од местото на настанот велат дека неговото тело било пронајдено во близина на касарната, поточно на 1 километар од местото каде што имал незгода./Алсат.мк

прочитај повеќе...

Денес се празнува Соборот на Сите македонски светители

 14,110 

 14,110  Првата недела од месец октомври си спомнуваме за сите македонски светители, меѓу кои се и светите солунски и сесловенски браќа Кирил и Методиј, богомудри и рамноапостолни, свети Климент Охридски, свети Наум Охридски, свети Гаврил Лесновски, свети Григориј, епископ Охридски, свети Прохор Пчински, свети Јоаким Осоговски, свети Јосиф, архиепископ Солунски, свети Агатангел Битолски, свети Георгиј Кратовски, света Кирана Солунска, свети Никита Серски, света Матрона Солунска, свети Јован Кукузел, свети Александар Солунски, свети Еразмо Охридски, свети Нектариј Битолски, свети Анастас (Спасо Радовишки), света Васа Солунска, света великомаченичка Злата Мегленска, свети Ефтимиј…

прочитај повеќе...