Превентивни активности на СВР Битола

 15,045 

 15,045  Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Битола денеска и вчера реализираа едукативни работилници во основните училилишта “Елпида Караманди“ и “Гоце Делчев“ во Битола, а во рамки на превентивниот проект “Безбедност во училиштата“ . Говорејќи за основната тема на овој проект – превенција од насилството меѓу учениците како и злоупотреба на дрога и алкохол – полициските службеници на учениците им презентираа искуства и практики како да се превенираат различните форми на насилство каде што учесници или жртви се децата, почнувајќи од врсничкото насилство, семејното насилство, насилството на социјални…

прочитај повеќе...

22.12 – ЗАЧЕТИЕ НА СВЕТА АНА

 16,792 

 16,792  Раѓањето на Богородица не било ни случајно ни обично, затоа што идната мајка на Спасителот Исус Христос требало да се роди од родители свети, чисти и праведни. Тие, исто така, требало да бидат од двете еврејски лози од Давидовата и Ароновата, бидејќи од првата произлегувале еврејските цареви, а од втората старозаветните првосвештеници. Во тоа време меѓу малкуте праведни луѓе во градот Назарет биле и родителите на Пресвета Богородица Јоаким и Ана. Јоаким бил токму од царскиот род Давидов, а Ана од родот на првосвештениците. И двајцата биле многу скромни,…

прочитај повеќе...

Сообраќајка во Ресен

 12,026 

 12,026  На 20.12.2022 во 16.20 часот во ОВР Ресен било пријавено дека накрстосница од ул,,Борис Кидрич“ и ул,,Иво Лола Рибар“ во Ресен сеслучила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксвагенголф“ со ресенски регистарски ознаки, управувано од З.М.(38) одс.Дрмени, ресенско и мотоцикл „јамаха“ со ресенски регистарскиознаки, управуван од И.Т.(36) од Ресен. Во несреќата, мотоциклистотсе здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничкаболница Битола. Увид извршила увидна екипа на ОВР Ресен.

прочитај повеќе...

Во Битола оштетено возило и оставено шише со писмо и заканувачка порака

 2,754 

 2,754  На 21.12.2022 во 01.40 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Смилевски Конгрес“ во Битола со тврд предмет било оштетеностакло на возачката врата на патничко возило „фолксваген пасат“ со битолски регистарски ознаки, сопственост на Е.Б. од Битола, и дека навозачкото седиште било оставено шише на кое имало писмо со заканувачка содржина кон А.Б. од Битола. Увид бил извршен и сепреземаат мерки за расчистување на случајот.- соопштуваат од полицијата

прочитај повеќе...

Запленети 2600 пиротехнички средства во Прилеп

 11,554 

 11,554  Денеска (21.12.2022) од страна на полициски службеници од СВР Битола- полициската станица од општа надлежност Прилеп на ул „Методија Шаторов- Шарло”, во близина на пазарот во Прилеп, при преглед кај З.М.(37) од Прилеп пронајдени се 2600 парчиња различни видови пиротехнички средства. Предметите од страна на полициските службеници се одземени, а со З.М е извршен службен разговор во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

прочитај повеќе...