Црквата е подигната на темелите на постар храм, а на тоа укажуваат и пронајдените артефакти Градбата има правоаголна основа, со полукружна апсида во нејзиниот заден дел, и претставува крсто-куполен храм. Над влезната порта се забележува живопис, на којшто е прикажан Свети Атанасиј Велики. На страничните ѕидови има по три прозорци со две различни големини, од кои прозорците кои се наоѓаат на непосредно до аглите со предната страна се поголеми, додека оние кои се долж страничните ѕидови кон задната страна се со помала големина. Црквата од надворешната страна е обложена со мермер и целосно е покриена со ќерамиди на повеќе нивоа. Од…
прочитај повеќе...Ден: д.м.г
Светител на денот:Преподобен Јоаникиј Велики
Ова големо духовно светило се роди во селото Марикати, во областа Витиниска, од татко Миритрикиј и мајка Анастасија. Како момче беше овчар. Пасејќи ги овците често се повлекуваше во самотија и по цел ден стоеше на молитва, оградувајќи го своето стадо со знакот на крстот за да не се оддалечува и разотидува. Потоа, го зедоа во војска каде што покажа чудесна храброст, особено во војните против Бугарите. По војничката служба, Јоаникиј се повлече во Олимп Азиски каде што се замонаши и сиот се предаде на подвиг, од којшто не отстапи…
прочитај повеќе...ВРЕМЕТО УТРЕ: Променливо облачно и студено со засилен, повремено силен северен ветер (над 80 км/час)
Променливо облачно и студено со засилен, повремено силен северен ветер (над 80 км/час). На повисоките места и на планините ќе има слаби локални врнежи од снег.
прочитај повеќе...Уапсен е скопјанец кој лажно пријавил киднапирање на малолетно лице
Вчера (16.11.2023) полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Џ.Г. (53) од Скопје поради лажно пријавување. – Имено, вчера околу 19 часот Џ.Г. во СВР Скопје пријавил дека наводно во Скопје две лица со комбе „мерцедес“ се обиделе да грабнат малолетничка, но не успеале. Веднаш по добиената пријава, полициски службеници преземале соодветни мерки и активности и утврдиле дека пријавата е лажна односно нема таков случај, известуваат од МВР. Потоа, со пријавителот е извршен службен разговор во кој тој признал дека го измислил настанот, водејќи се од лажните објави…
прочитај повеќе...Претпладне променливо облачно , попладне дожд
Претпладне ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со утринска магла по одделни котлини. Попладне и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, наместа во западните делови повремено засилен ветер од западен, а попладне долж Повардарието од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 8, а максималната ќе достигне од 15 до 20 степени. Во четврток ќе настапи преодно стабилизирање на времето. Во петок ќе дува засилен јужен ветер, а попладне под влијание на нов влажен бран ќе има…
прочитај повеќе...