Ловечката федерација се вклучува во потрагата по Вања Ѓорчевска

Ловечката федерација на Македонија преку социјалните мрежи ги повика сите ловци да се вклучат во потрагата по Вања Ѓорчевска. МВР интензивно трага по 14-годишната Вања Ѓорчевска откога вчера, во 8.35 часот утрото, мајка ѝ пријавила дека е исчезната. Министерството за внатрешни работи со фотографија и опис ја објави Вања Ѓорчевска во регистарот на исчезнати лица на Македонија. https://www.facebook.com/photo.php?fbid=256354547448572&set=a.112623651821663&type=3&ref=embed_post изворhttps://nezavisen.mk/lovechkata-federacija-se-vkluchuva-vo-potragata-po-vanja-gjorchevska/

прочитај повеќе...

Врнежи од снег има во Крушево и на планинскиот превој Стража

Сообраќајот на државните патишта вечерва се одвива непречено во зимски услови, по претежно влажни коловози. Како што информира АМСМ, врнежи од снег има во Крушево и на планинскиот превој Стража каде што е укината забраната за тешки товарни возила. -Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти Автомотосојузот на Македонија

прочитај повеќе...

Извадок на дел од дневни настани на МВР 28.11.2023

На 28.11.2023 на ул.„Македонска фаланга“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Ф.Ѓ.(19) од с.Канино, битолско, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и пиротехнички средства. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. На 28.11.2023 околу 01.40 часот на улица „107“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово лишиле од слобода малолетник од Тетово затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Тој е задржан во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот, по што…

прочитај повеќе...

⚜️Свештеникот Пајсиј Величковски

28 ноември/15 ноември (по стар стил) Пајсиј (Величковски) (1722 – 1794), архимандрит од манастирот Неамцки, преподобен. Роден во 1722 година во градот Полтава во семејство на протоереј, на 17-годишна возраст влегол во манастирот Лубеч, се преселил во скитот Треистена во Молдавија, а оттаму во скитот на Керкул, кој се одликувал со посебна строгост. на монашкиот живот. Потоа монахот се преселил во Атон, каде што основал посебна монашка заедница – скитот на свети Илија. Во 1758 година бил ракоположен за свештенство. Во 1763 година, монахот Пајсиј со 64 монаси се преселил…

прочитај повеќе...

МВР објави фотографија од исчезнатата Вања: Висока 175 см, со протези, облечена во син блузон

Министерството за внатрешни работи (МВР) со фотографија и опис ја објави Вања Ѓорчевска во регистарот на исчезнати лица на Македонија. ЃОРЧЕВСКА ВАЊА, татко Александар, мајка Зорица, родена 27.2.2009 година во Скопје. Исчезната на 27.11.2023 година во утринските часови на пат кон ООУ ‘Песталоци’ во општина Центар Скопје. Опис: висина 175 см, тежина 58 кг, коса темнокафеава, очи кафеави, носи протези на горните и долните заби, има бенка на десна страна од лицето. Облечена во син блузон, црна јакна, црни фармерки со странични џебови, бели патики со кафеави линии. Со себе…

прочитај повеќе...