ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Во среда по котлините ќе има појава на магла и ниска облачност. Од утре попладне до четврток ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, во четврток во попладневните часови ќе започне да дува засилен северен ветер и врнежите ќе преминуваат во снег и на повисоките места. Во петок и за време на викендот ќе преовладува стабилно време со ниски утрински температури.

прочитај повеќе...

Таткото на Вања од вечерва во притвор, одлучи Кривичен

Кривичниот суд доцна вечерва одреди мерка притвор за таткото на убиената Вања Во следните 48 часа тој ќе биде во затворот во Шутка. фото илустрација извор https://4news.mk/tatkoto-na-vana-od-vecherva-vo-pritvor-odluchi-krivichen/?fbclid=IwAR1WcjWyDKozMpTusiYq9Qx23_CQwmKXD1ZasAa-VXTdgs26pHwmZ_RA96k

прочитај повеќе...

Свети Калист, патријарх Цариградски

Наречен Ксантопулос според келијата Ксантопула на Атонската Гора, каде што тој се подвизуваше долго време со својот соподвижник Игнатиј. Заедно со Игнатиј во сто глави го опишаа сопствениот опит во безмолвниот живот. Ова дело зазема мошне видно место во подвижничката книжевност. Калист беше под големо влијание на својот учител Св. Григориј Синајски, чиешто житие го напиша тој. Како патријарх Цариградски Св. Калист еднаш појде во Србија и на тоа патување се разболе и умре (како што по патот, на Света Гора, му прорече Св. Максим Капсокаливит). ТропарО, вие мажи обручени…

прочитај повеќе...

Светиот Праведен Михаил војник

По раѓање Бугарин. Со својата дружина се бореше во грчката војска против Агарјаните и Етиопјаните. Покажуваше чудесна неустрашливост. Уби една страшна змија и ја ослободи една девојка. Наскоро потоа овој праведен маж се пресели во вечниот живот. Живееше и умре во 9 век. Закопан е негде во Тракија, а во 1206 година царот Карло-Јован ги пренесе неговите мошти во Трново.

прочитај повеќе...

Објавена меѓународната потерница по осомничениот убиец на Вања и Панче

МВР ја објави потерницата по првоосомничениот за организираното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, лицето Љупчо Палески-Палчо. Тој се сомничи дека и пукал во двете лица. Тој има 58 години. Се бара за кривичните дела, грабнување и убиство.

прочитај повеќе...