ВРЕМЕТО УТРЕ

Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб, а во источните делови умерен ветер од северозападен правец. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер.

прочитај повеќе...

Превентивни активности на СВР Битола

Секторот за внатрешни работи Битола во текот на вчерашниот ден и денеска реализира низа превентивни активности под мотото „Слави со срце, не со оружје”. Вчера(02.02.) во централното подрачје на Ресен со месното население беше разговарано за опасноста која демне од неовластено пукање со огнено оружје на разни свечености, како и за законската обврска при употреба на истото. За таа цел полициските службеници од ОВР Ресен на граѓаните низ централното подрачје и Градскиот пазар и им поделија летоци со едукативна содржина. Во Ресен, полициските службеници од ОВР Ресен реализираа и превентивни…

прочитај повеќе...

Еден од Седумдесеттемина апостоли!Утре се празнува Светиот апостол Тимотеј

Еден од Седумдесеттемина апостоли. Роден во Листра Ликаониска од татко Грк и мајка Еврејка. Мајка му и баба му Светиот апостол Павле ги пофалува за нивната нелицемерна вера (2 Тимотеј 1, 4 – 5). Во Листра Тимотеј за првпат се сретна со великиот апостол и самиот беше сведок кога Павле исцели еден човек од раѓање куцоног. Подоцна Тимотеј му беше речиси постојан сопатник на Павле, обиколувајќи ги со него Ахаја, Македонија, Италија и Шпанија Голем ревнител за верата, извонреден беседник и благодушен, Тимотеј многу придонесе за распростирањето на христијанската вера.…

прочитај повеќе...

Утре се празнува Преподобниот маченик Анастасиј

Според календарот на МПЦ Родум Персијанец. Незнабожечкото име му е Магундат. Кога царот Ираклиј војуваше со Персијанците, Магундат пребега кај христијаните, отиде во Ерусалим, се крсти и го доби името Анастасиј. Не му беше доволно што се крсти, туку се замонаши за сиот да Му се предаде на Господ. Покрај останатите подвизи постојано ги читаше житијата на Светиите и ги натопуваше книгите со солзи и самиот топло копнеејќи по мачеништво. Господ најпосле го овенча со венец на маченичка слава. Долго лежеше во затвор и беше луто мачен, додека царот Хозрој…

прочитај повеќе...

Битолската полиција приведе три лица за дрога

На 02.02.2024 во 18.30 часот на ул.„Паца Ванчова” во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода П.Ж.(18), Ф.П.(20) и Б.К.(18), сите од Битола. При преглед кај нив, кај П.Ж. била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.- информираат од СВР Битола

прочитај повеќе...