За лични карти термин за во август, и понатаму гужви и нервозни битолчани

Во ист кош сите и оние граѓани на кои им е време за редовна замена и оние кои сакаат да заменат лични карти кои се уште важат но со старо име на нашата земја.Па имајќи го ова во предвид оние на кои рокот на важност им истекува во април им се доделува термин за во август за редовна замена а до август како ќе функцираат во банка или нотар и слично без важечки докумен за идентификација , одговор нема, одговорот е, нема термин. И наместо како приоритет да се категоризираат…

прочитај повеќе...

Во 2005 година откриена непозната фреска на Исус во битолска црква

Свети великомаченик Димитриј Солунски претставува православна црква во Битола. Административно припаѓа на Битолското архијерејско намесништво на Преспанско-пелагониската епархија на МПЦ – ОА. Оваа црква изградена е во 1830 година, а камбанаријата е изградена во 1936 година. Градена е во форма на трибродна базилика, со странични галерии. Целиот иконостас е изработен во позлатена резба од вештите раце на засега непозната резбарска тајфа, но сигурно составена од македонски мајстори. Во 2005 година, конзерваторите од Битолскиот завод и музеј и Заводот за заштита на спомениците на културата откриле дотогаш непозната фреска со претстава на Исус Седржител. Фреската е на централниот дел од сводот на црквата кој повеќе…

прочитај повеќе...

Сончево и топло време, температури до 26 степени

Претежно сончево и топло со слаб јужен, а вдолж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 21 до 27 степени. Во Скопје сончево и топло со слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 26 степени. Продолжува периодот на сончево и топло време со мала до умерена облачност. Од вторник ќе има извесно зголемување на облачноста со благо опаѓање на дневната температура.

прочитај повеќе...