03.07 – Се празнува во чест на чудата на св Наум

Имено, благодарение на чудата кои се случувале по молитвите на св. Наум, неговиот манастир стекнал голема популарност. Првобитно, манастирската слава била само на денот на неговата смрт (23 декември, т.е. 5 јануари според новиот стил), но на 5 мај 1720 година, архиепископскиот совет во Охрид решил дасе празнува и на 20 јуни (3 јули по новиот календар). Причината за тоа била наведена во посланието на архиепископот Јосиф од 21 мај 1740 година, во кое се вели дека поместувањето било направено поради зимските услови, како и поклопувањето со прославата на Божик…

прочитај повеќе...

Битолски Комуналец е на терен

Иако ЈП Комуналец преку повеќе медиуми благовремено ги извести граѓаните за можните штети од големото невреме кое надоаѓаше, сепак некои возила не беа навремено дислоцирани по што настана штета. Поради тоа екипите на ЈП Комуналец по запирањето на невремето започнаа со санирање на штетите од истото. Акцијата ќе продолжи до доцна во ноќта се до целосно санирање на штетите на сите локации. – известуваат од ЈП Комуналец Битола

прочитај повеќе...

Битола по невремето, падната бандера, дрва

Од 112 добиена е пријава за паднато дрво врз жици за електрична енергија на наведената адреса. Локација: Улица Страшо Пинџур, 23, Битола. Од 112 добиена е пријава за падната бандера на Локација: Ул. Херцеговина, бр 22, Битола. Од 112 добиена е пријава дека во село Бистрица, Битола, има навалено големо дрво орев врз жиците од ЕВН и постои опасност од несакани последици во близина на црквата Инфо ЦУК

прочитај повеќе...

Градоначалникот на Битола и кризниот штаб се на терен

После избувнувањето на пожарот во Смолево излегов на терен со ТППЕ БИТОЛА. Состојбата со пожарот е ставена под контрола. Кризниот штаб е ставен во функција и е на терен.- објави Тони Коњановски градоначалник на Битола

прочитај повеќе...