Невреме со силни врнежи од дожд, град и грмотевици попладнево ја зафати Општина Тетово и околината. Врнежите предизвикаа поплавување на дел од улиците, посебно кај касарната на влезот на Тетово и на неколку куќи во Мала Речица-Општина Тетово. Во улицата спроти касарната поплавени се гаражи, дворови а сопствениците поставуваат соодветни бариери за заштита од водата да не навлезе во домовите. Поради поплавените улици отежнато се одвива и сообраќајот во овој дел од градот. ТППЕ-Тетово, ЈКП-Тетово и одговорни лица во Општина Тетово веќе интервенираат со соодветна механизација- багери, но исто така…
прочитај повеќе...Ден: д.м.г
Во пресрет на празникот Рождество на Пресвета Богородица
На местото каде што била куќата на светите праведни Богоотци Јоаким и Ана, своевремено (во V век) имало изградено црква и на темелите на таа црква во 12 век е изграден католички храм посветен на Св.Ана. Местото се наоѓа во близина на ,,Лавовската Порта” (една од портите преку кои се влегувало во стариот град Ерусалим) и до бањата Витезда. Денес можат да се видат дел од афтентичните зидови и темели од куќата на Св.Јоаким и Ана. Православие мк
прочитај повеќе...Лишен од слобода битолчанец, се сомничи дека запалил туѓ мопед
На 19.09.2024 на ул.„Партизанска” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода С.Б.(29) од Битола. Тој се сомничи дека околу 11.40 часот го запалил мопедот со битолски регистарски ознаки, сопственост на С.А. од Битола, кој претходно го управувал. Увидот бил извршен и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава. СВР Битола
прочитај повеќе...Прилепчанка пријавила физички напад
На 19.09.2024 во ОВР Прилеп, 18 – годишна прилепчанка пријавила дека била физички нападната од невенчаната сопруга на нејзиниот татко и од нејзиниот татко. Се преземаат мерки за расчистување на настанот. СВР Битола
прочитај повеќе...Битолчанец пријавил дека 17 годишната ќерка не се вратила дома,полицијата е во потрага
Полицијата е во потрага по 17 годишна битолчанка На 19.09.2024 во 20.00 часот, во СВР Битола В.М.(51) од Битола пријавил дека неговата ќерка Е.М.(17) не се вратила дома од средното училиште во кое учела и дека наверојатно заминала кај нејзиното момче во Битола. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.- соопштуваат од СВР Битола
прочитај повеќе...