Опожарено возило во Прилеп, огнот зафатил влезна врата и прозорци на куќа

СВР Битола На 24.11.2024 во  01.50 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека било опожарено патничко возило „цитроен пикасо” со прилепски регистарски ознаки, сопственост на Ж.П.од Прилеп, кое било паркирано во двор во Прилеп. Огнот ги зафатил и влезната врата и прозорците на куќата. Пожарот бил локализиран од страна на Територијалната против пожарна единица Прилеп,а увидот го извршила увидната екипа на ОВР Прилеп.

прочитај повеќе...

Денес се празнува Светиот великомаченик Мина

По потекло египќанец и војник по занимање, свети Мина, како вистински христијанин, не можеше да го гледа одвратното жртвопринесување на идолите, па ја напушти војската, и градот, и луѓето, и сиот свет, та отиде во пуста планина. Бидејќи на свети Мина му беше полесно да живее со дивите ѕверови одошто со незнабожните луѓе. Еден ден, светителот го проѕре од далечина незнабожечкото празнување во градот Катуанија, па се спушти во градот и пред сите ја објави својата вера во живиот Бог Христос, а ги разобличи идолопоклонството и незнабоштвото како лага и…

прочитај повеќе...

Студено утро, преку ден сончево со мала облачност

Времето денеска наутро ќе биде ведро и многу студено, а преку ден ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од северозападен правец Минималната температура ќе биде во интервал од -11 до -2, а максималната ќе достигне од 5 до 12 степени Целзиусови. И во Скопје студено време во утринските часови, а преку денот сончево со мала облачност и тивко. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 8 степени.

прочитај повеќе...