Најнови информации од дневниот билтен на Секторот за внатрешни работи Битола

Дневен билтен на СВР Битола На 27.11.2024 во 18.40 часот полициски службеници од ОВР Прилеп  на ул. „Дабнички завој“ ги лишиле од слобода Е.А.(40),  С.А.(22), С.Ќ.(22), М.Џ.(27) и Д. А.(26) сите од Прилеп. При преглед кај Д.А. била пронајдена марихуана и дигитална вага, а кај М.Џ. марихуана. Лицата се приведени во Полициска станица Прилеп и по документирање на настанот, ќе следува соодветна пријава. На 27.11.2024 во 18 часот во ОВР Прилеп, Г.Ј.(45) од Прилеп пријавил дека неговиот син на место викано „Џумушица“ во Прилеп бил физички нападнат од И.А. од…

прочитај повеќе...

Во Битола утрово – 1 степен, Берово – 3

Берово -3 степени утрово беше најстуден град во Македонија. Со минус 1 се пробудија Тетово и Битола  0 Скопје-Петровец, Прилеп, Велес, Струмица, 1 Крива Паланка, Демир Капија, Куманово, Лазарополе, 2 Скопје-Зајчев Рид, Штип, Кавадарци, Маврови Анови, Попова Шапка, 3 Охрид, Претор, 4 Гевгелија, Крушево, Виница.

прочитај повеќе...

ЗАПОЧНА БОЖИКНИОТ ПОСТ, ЌЕ ТРАЕ 40 ДЕНА, ДО БОЖИК

За православните христијански верници кои се водат според јулијанскиот календар денеска почна шестнеделниот божикен пост. Постот ќе трае 40 дена, односно до Божик, 7 јануари, денот на раѓањето на Исус Христос. Бидејќи датумот на Божик не се менува, постот секоја година почнува на 28 ноември, а завршува на Бадник, 6 јануари. Христијанскиот пост е воведен по примерот на Исус Христос, кој 40 дена поминал во пустина во пост и молитва. Постот претставува духовна и телесна подготовка на човекот за влез во тајната на претстојниот празник. Божикниот пост е втор по…

прочитај повеќе...

Празник на иконата на Пресвета Богородица Купјатицка

Оваа икона најпрво му се јави на едно девојченце Ана во селото Купјатич во Минската губернија во 1182 година. Чувајќи го стадото Ана виде некоја светлина во шумата. Кога ? се приближи на светлината, на едно дрво виде крст со средна големина со ликот на Пресвета Богородица на него. Ана го зеде тој крст и си го однесе дома, па се врати кај стадото. Но на нејзино големо чудење на истото место таа повторно го виде крстот на дрвото. Го зеде, си го стави под пазува и го однесе дома.…

прочитај повеќе...

Времето денес сончево со мала до умерена облачност

Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Во Скопје, претпладне во делови од котлината со појава на магла, преку денот времето ќе биде сончево и тивко со мала до умерена облачност. Под влијание на влажна и студена воздушна маса од петок до понеделник претпладне времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат поројни и пообилни (над 50 l/m2). На планините врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка. На повисоките места и во некои пониски…

прочитај повеќе...