Брза интервенција на Нискоградба и Битолско поле го спасија Долно Оризари од поплава

Со брза и ефикасна интервенција од страна на Нискоградба Битола , Битолско Поле,соработка со Кризниот штаб интервенираа со механизација се спречи поплава денес кај Долно Оризари. Веднаш беа турнати гаражи кои беа дива градба и се наоѓаа веднаш до коритото на реката која го достигна својот максимум и се прелеа на асфалтот.

Комуналните претпријатија сите ангажирани на терен со работна сила.

Комуналец Битола, Водовод Битола , Паркинзи со работници, Нискоградба Битола со механизација

На фотографиите се критичните места каде што се излеа Драгор

Продолжува обиколката на надлежните на критичните места

И во вечерните часови се врши обиколка на критичните места, ситуацијата е во ред без опасност од излевање на водата.

Штета според нашите сознанија нема бидејќи е брзо интервенирано

Забрането превземање на текст и фотографии

УХМР соопшти за југозападните делови и Пелагонискиот регион дека водостојот на водотеците е зголемен

ЦУК извести дека поради обилните врнежи од дожд во последното деноноќие на повеќе локации во државата се регистрирани зголемување на водостоите на реките како и одредени излевања, поплавени објекти и одрони.

Битолски регион: Излевање на реката Шемница кај с. Лера со поплавена куќа и штали. Во општина Новаци е прекинат патот кон рудникот Брод–Гнеотино поради надојдена вода од Црна Река.

МЕТЕО АЛАРМ за ден 22.11.2025 год.

Во текот на ноќва и утре ќе има повремени локални врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни (над 40 l/m² за 24 часа), со услови за појава на невреме со грмежи и засилен ветер.

Жолто ниво на предупредување од поплави – постои потенцијална опасност од излевање на реките

Нивото на реката „Драгор“ денес беше зголемено. Во Битола наврнаа 30 литри дожд на м2

Прочитајте за ...

Leave a Comment