Обилните врнежи во Битола и битолско ја извадија цела механизација на терени , се работеше и ноќеска

Општина Битола пријавува до ЦУК повеќе интервенции, информациите се за до 8 часот:

– ЈП Битола работи во подпелистерските села Нижеполе, Дихово, Цапари, Породин, Жабени, Лажец, Меџитлија, Острец, Граешница и Кишава.

– ЈП „Нискоградба“ и АД Водостопанство подигаат насипи на р.Драгор кај Долно Оризари.

– На мостот во Карамани се расчистуваат гранки и отпад со цел зголемување на протокот.

– ХМС „Стрежево“ ги чисти пропустите на Цапарска река (Доленци–Лера).

– Ангажирана е целата механизација, екипите остануваат на терен и во текот на ноќта.

– Поради вода на коловоз, затворени се патиштата Лера–Доленци и кон Цапари.

– Нивото на р.Црна е зголемено на 2,7 м (во 15:30 ч).

– ЈКП Водовод – Битола работи на дефект што предизвика прекин на водоснабдување од Кравари до Меџитлија.

– Преку Е-112 пријавени се повеќе поплави на подруми, дворови, паднато дрво и ризик од излевање на канали.

Прочитајте за ...

Leave a Comment