фб статус објавен на фб страницата Демир Хисар – Железник
Поплавите што ги зафатија Бараково, Граиште, Вардино, Единаковци и Света не се само дело на природата. Тие се директна последица на години негрижа, игнорирање и неодговорност.
Луѓето кои произведуваат храна – земјоделците, повторно се оставени сами на себе. Илјадници евра се уништени за неколку часа. Посеви, труд, вложувања и егзистенција.
Со години месната заедница укажуваше, алармираше и бараше едноставна, но неопходна интервенција, чистење на коритото на Црна Река. Ништо не беше преземено. Денес, наместо превенција, броиме штети. Ова не е природна катастрофа, ова е човечка негрижа што се плаќа со туѓ труд и мака.- стои во објавата на фб на страницата Демир Хисар Железник

Демир Хисар – Железник додаде 6 нови фотографии.10 ч. ·Со години месните заедници укажуваа и бараа навремена интервенција и чистење на коритото на Црна Река. Тие апели беа игнорирани. Денес, кога реката веќе се излеа, кога нивите се под вода, а патиштата непроодни, речиси и да нема што да се направи. Ангажирање на механизација по поплавата не е решение, туку само констатирање на штетата.Ваквите интервенции не се прават кога реката веќе ќе излезе од коритото. Механизацијата и чистењето мора да се вршат навреме, во летниот период, кога условите го дозволуваат тоа и кога со релативно мала инвестиција може да се спречат огромни штети. Се друго е задоцнета реакција.Ова не е само природна непогода. Ова е резултат на години игнорирање, неодржување и непостапување по јасни предупредувања. Цената за таа негрижа денес ја плаќаат земјоделците, локалното население и целата заедница.

скрин шот од фотографиите објавени јавно на фб страницата Демир Хисар – Железник
објавено на Новост бидејќи станува збор за информативна објава од јавен интерес