18 годишниот Саит Саитов од вчера се бара со меѓународна потерница откако побегна по сообраќајката во која усмрти жена. Во бегството му помогнал и неговиот татко.
Полицијата има приведени помагачи и најавува соодветни постапки. Од МВР информираат дека Саитов како малолетник веќе бил казнуван за управување на автомобил без дозвола додека неговиот татко за тоа што му овозможил да вози. И двајцата за ова добиле казни во текот на минатата година.
На социјалните мрежи можеше да се најдат видеа од Саитов кој управува автомобил кои откако се случи несреќата, беа избришани.
извор Сител