741
Русија тврди дека 21 платеник од Македонија е убиен од почетокот на, како што ја нарекува, „специјалната воена операција во Украина. Руското Министерство за одбрана објави податоци според кои во Украина од 24 февруари регистрирани се 79 платеници од Македонија.
Според податоците 19 ја напуштиле земјата, а во моментот таму има уште 39 македонски државјани.
Според табелата која ја објави Министерството, досега во Украина влегле 6.956 платеници од странство, од кои животот го загубиле 1.956, заминале 1.779, а останале 3.211.

Рекордер според бројот на платеници е Полска со 1.831, од кои загинале 378, 272 се вратиле назад, а се уште војуваат 1.181.објави сител