290 барања на граѓани за средба со битолскиот градоначалник!Така треба, отворена општина за граѓаните

 76 

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЊАНОВСКИ И РАКОВОДИТЕЛИТЕ ВО ОПШТИНАТА И ДЕНЕС СО ОТВОРЕН ДЕН ЗА ГРАЃАНИТЕ

Во Општина Битола и денес, градоначалникот Тони Коњановски и раководителите на општинските сектори и одделенија, одржуваат средби со граѓани, како дел од вториот отворен ден кој го организира локалната самоуправа. Поради големата заинтересираност на граѓаните и пристигнатите 290 барања за средба, вториот отворен ден, беше поделен во два термини, со соодветен распоред за доаѓање на заинтересираните лица. Покрај средбата со 160 граѓани која беше одржана минатиот петок, во текот на денешниот ден, уште 130 граѓани имаа можност да разговараат директно со градоначалникот или соодветно да бидат насочени од страна на раководителите за решавање на нивните проблеми потреби и барања.

Ваквиот пристап на локалната самоуправа кон граѓаните, наиде на голем интерес од нивна страна, но и благодарност заради покажаната можност за организиран и ефикасен начин на надминување на повеќе препреки со кои се соочувале во минатото.На денешната средба, беа претставени и повеќе идеи од граѓани, кои веќе се евидентирани од страна на стручните служби и ќе бидат разгледани можностите за нивна реализација.(објава на Општина Битола

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Leave a Comment