30.08.2023 СВР Битола, ДНЕВЕН БИЛТЕН!

 8,037 

На 30.08.2023 на ул.„7 Јули“ во Битола, полициски службеници од Полициската станица
Битола го лишиле од слобода С. Н.(47) од Битола затоа што кај него била пронајдена и
одземена бела грутчеста материја. По документирање на случајот ќе биде поднесен
соодветен поднесок.
На 29.08.2023 на ул.„Охридска“ во Битола, полициски службеници од криминалистичката
полиција при СВР Битола го лишиле од слобода З.Б.(29) затоа што кај него биле
пронајдени и одземени прашкаста материја и други предмети со траги од прашкаста
материја. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Вчера (29.08.2023), по преземени мерки и активности, полициски службеници од
Полициската станица Прилеп во содејство со Шумската полиција од Прилеп во околината
на местата викани „Студенец” и „Дервен” пронашле три патнички моторни возила и три
запрежни коли натоварени со дабово и буково огревно дрво. Дрвата биле одземени и
предадени на Шумска полиција Прилеп. Се преземаат мерки за расчистување на
случајот.
На 29.08.2023 во 12.50 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека во
индустриска зона во Прилеп настанал пожар на стрниште, кој се проширил и зафатил две
патнички возила. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна
единица Прилеп, а повредени лица нема. Увид бил извршен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Leave a Comment