77 санкции за брзо возење на територија на СВР Битола

 860 

Вчера (02.07.2023) во периодот од 16.00 до 22.00 часот на територијата на СВР Битола
спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт
возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 77 возачи. Од
нив, 51 возач ја пречекорил брзината во населено место, а 26 надвор од населено место.
На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.
Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.
Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја
зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
На 03.07.2023 полициски службеници од ОВР Крушево на патот за с.Селце-
с.Норово,крушевско го лишиле од слобода Ф.Р.(22) од с.Норово ,крушевско, затоа што
агресивно се однесувал кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија. По
документирање на настанот против истиот ќе следува соодветна пријава.
На 02.07 .2023 на ул.,,Партизанска,,во Македонски Брод полициски службеници од ОВР
Македонски Брод го лишиле од слобода Д.С.(22) од Македонски Брод, затоа што
агресивно се однесувал кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија. По
документирање на настанот против лицето ќе следува соодветна пријава.
На 02.07.2023 во 13.00 часот на крстосницата од ул.„Борка Талески“ и ул.„Кеј 9-ти
Септември“ во Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило
„опел“ со прилепски регистарски ознаки управувано од Ф.Ј.(33) од Прилеп и сопатник
З.М.(33) и патничко моторно возило „голф“ со прилепски регистарски ознаки управуван од
М.З.(26) од Прилеп. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот во
возилото „опел“ З.М. ,додека со телесни повреди се здобил возачот на возилото „голф“
М.З кои им биле констатирани од лекар во Градската Болница Прилеп. Увид на местото
на настанот го извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.

Свр Битола

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Leave a Comment