Свети Александар Невски

Loading

Син на кнезот Јарослав. Од малечок со срцето свртен кон Бога. Ги победи Швеѓаните на реката Нева, на 15 јули 1240 година, заради што е наречен Невски. Во таа прилика на еден војвода на Александар му се јавија светителите Борис и Глеб и му ја ветија својата помош на великиот кнез, којшто им беше роднина. Во Златната Орда татарска Свети Александар не сакаше да им се поклони на идолите ниту да помине низ оган. Заради неговата мудрост и телесна сила и убавина и татарскиот кан го уважуваше овој кнез. Градеше…

прочитај повеќе...

Свети Калист, патријарх Цариградски

Loading

Наречен Ксантопулос според келијата Ксантопула на Атонската Гора, каде што тој се подвизуваше долго време со својот соподвижник Игнатиј. Заедно со Игнатиј во сто глави го опишаа сопствениот опит во безмолвниот живот. Ова дело зазема мошне видно место во подвижничката книжевност. Калист беше под големо влијание на својот учител Св. Григориј Синајски, чиешто житие го напиша тој. Како патријарх Цариградски Св. Калист еднаш појде во Србија и на тоа патување се разболе и умре (како што по патот, на Света Гора, му прорече Св. Максим Капсокаливит). ТропарО, вие мажи обручени…

прочитај повеќе...

Светиот Праведен Михаил војник

Loading

По раѓање Бугарин. Со својата дружина се бореше во грчката војска против Агарјаните и Етиопјаните. Покажуваше чудесна неустрашливост. Уби една страшна змија и ја ослободи една девојка. Наскоро потоа овој праведен маж се пресели во вечниот живот. Живееше и умре во 9 век. Закопан е негде во Тракија, а во 1206 година царот Карло-Јован ги пренесе неговите мошти во Трново.

прочитај повеќе...

Светиот маченик Варлам

Loading

2 декември/19 ноември (по стар стил) Родум од Антиохија. Заради верата во Господа Исуса Христа беше измачуван многу од нечестив судија. Најпосле судијата намисли да го исмее и под принуда на околности да го натера да принесе идолски жртви, заради што го одведе во идолскиот храм и му стави оган на дланката и темјан на огнот мислејќи дека маченикот ќе мора од болка да го фрли огнот со темјанот од раката пред идолите и така, не сакајќи, ќе ги покади. Но, херојскиот Христов војник го држеше огнот на својата дланка…

прочитај повеќе...

Светиот апостол и евангелист Матеј

Loading

Матеј беше син на Алфеј, најпрво цариник (т.е. закупец и порезник или митар) и како таков него го виде Господ во Капернаум и го повика: „Врви по Мене.“ И откако стана, тргна по Него (Матеј 9, 9). Потоа Матеј Му приреди дочек на Господ во својот дом и даде повод Господ да изрече неколку големи вистини за Своето доаѓање на земјата. Откако Го прими Светиот Дух, Св. Матеј го проповедаше Евангелието во Партија, во Мидија и во Етиопија, земјата црнечка. Во Етиопија го постави за епископ некој Платон, свој следбеник,…

прочитај повеќе...