Од Календарот на МПЦ, Сабота 14 декември е ден посветен на Светиот пророк Наум Родум од племето Симеоново, од местото Елкесем, од онаа страна на Јордан. Живееше 700 години пред Христа. Двесте години после Пророкот Јона ? ја прорече пропаста на Нинивија. Од пророштвото на Јона Нинивјаните се беа покајале, заради што Бог ги поштеди и не ги погуби. Но со време тие заборавија на милоста Божја и повторно се развратија. Пророкот Наум им прорече пропаст. Па бидејќи не принесоа покајание, не беа ни поштедени. Од земјотреси, поплави и оган…
прочитај повеќе...Категорија: Светители на денот
Свети Јован Златоуст
Патријарх Цариградски. Роден е во Антиохија во 354 година, од татко Секунд, војвода, и мајка Антуса. Изучувајќи ја грчакта философија Јован се згнаси од грчкото незнабоштво и ја усвои христијанската вера како едиствена и целосна вистина. туса. Изучувајќи ја грчакта философија Јован се згнаси од грчкото незнабоштво и ја усвои христијанската вера како едиствена и целосна вистина. Крштение прими од Мелетиј, патријархот Антиохиски, а потоа примија Крштение и неговите родители. По смртта на родителите се замонаши и почна строго да се подвизува. Тогаш ја напиша книгата „За свештенството“ и тогаш…
прочитај повеќе...Светите Козма и Дамјан
Бесребреници и чудотворци. Браќа по тело и по дух, родум негде од Азија, од татко незнабожец и мајка христијанка. По смртта на татко им, нивната мајка Теодотија целото време и труд ги даде на тоа да ги подигне и воспита синовите како вистински христијани. И Бог ѝ помогна, та нејзините синови израснаа како две слатки овошки и како два светилника на светот. Беа научени на лекарската вештина и бесплатно им помагаа на болните не толку со лекови колку со името на Господ Исус Христос. Ги нарекоа бесребрени лекари, бидејќи лечеа…
прочитај повеќе...Св. Архангел Михаил помага во време на операција!
Едно од многубројните чуда на Архангелот Михаил претставува и исцелувањето на момчето Василиј Карастирис, на чија операција присуствувал самиот Архистратиг. Играјќи се, Василиј паднал и сериозно ја повредил главата. Го донеле во болницата каде лекарите дале страшна дијагноза: слепило и потполна парализа на ногата и раката. Дежурниот лекар во болницата ги повикал родителите на несреќното дете кај себе во кабинетот и им рекол: -Состојбата на детето е тешка. Неопходна е итна операција. но, ќе бидам отворен, надежта за успех е многу мала. Еден, два процента, не повеќе. Одлуката треба да…
прочитај повеќе...Преподобен Симеон Столпник
Родум Сириец, од родители селани. Во својата осумнаесетта година побегна од родителите и се замонаши. Се предаваше себеси на најтешки подвизи, понекогаш постејќи по четириесет дена. Потоа се предаде на особен подвиг: имено, деноноќно сотеше на столб, во непрестајна молитва. Неговиот столб најпрво беше висок шест лакти, потоа му подигнаа еден од дванаесет, па од дваесет и два, па од триесет и шест, и најпосле столб висок четириесет лакти. Мајка му Марта двапати доаѓаше да го види, но тој не ја примаше, туку од столбот ? рече: „Не ме вознемирувај…
прочитај повеќе...