2001-2002 година по сон повозрасна битолчанка кај Црн Мост во Битола,на дрво каде што имало и чешма поставила икона на Света Петка Римјанка.Подоцна пак на човек кој живеел во близина на тоа место му се сонило дека таму има мала црквичка посветена на Света Петка Римјанка.
Така,започнува изградбата на параклисот ,кој подоцна беше преместен малку погоре поради градежни зафати.Три денови и три ноќи битолчани без прекин со раце без алат го градеа параклисот.Со текот на годините поставен е и покрив на параклисот кој е навечер осветлен и поставени се прекрасни разнобојни цвеќиња кои се и градина на светителката.До самиот параклис има чешма , клупи и денес претставува едно од најпосетените места во градот.Во внатрешноста на параклисот битолчанецот Дејан Јанкуловски постави три икони како што ни кажа и тие биле претходно сонувани ,односно според сонот кој го сонувал во параклисот биле три икони,икона од Господ Исус Христос,икона од Мајката Божја и икона од Света Петка Римјанка.
Тогаш зел такви три икони и ги поставил и ден денес се во внатрешноста на параклисот.Токму на ова место пред неколку години се случила многу тешка сообраќајна несреќа но сите учесници останале живи-вели мојот соговорник Дејан и додава дека ,Света Петка е наша заштитничка.Параклисот постојано е посетуван од народот,случајните минувачи застануваат и палат свеќа за здравје,токму на ова место има живот.Неодамна е поставена уште една икона од Света Петка Римјанка веднаш до параклисот ,подарок од Зора Долевска.На 8 август овде се одржува богослужба по повод празникот на Христовата светителка Петка,Римјанка но и на 27 октомври.
Тука се чувствува мир ,спокој,љубов и вера,ако ве нанесе патот посетете го се надевам дека ќе ви се допадне,се читаме повторно со следна верска објава
подготви и уреди: Снежана