16 годишник од Пашино Рувци се оддалечил од домот, полицијата презема мерки за негово пронаоѓање

Дневен билтен СВР Битола На 13.01.2026 во 13:30 часот во Полициската станица Прилеп, Ж.Б.(57) од  с.Пашино Рувци, општина Кривогаштани, пријави дека од семејниот дом се оддалечил неговиот син Н.Б.(16). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

прочитај повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Битола и повеќе приведени пијани возачи низ Македонија

На 14.01.2026 во 00:32 часот во СВР Битола е пријавено дека на крстосница од ул.„Филип втори македонски“ и ул.„Батаљон Стив Наумов“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд ескорт“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Н.Б.(36) од Битола и патничко возило „дачиа сандеро“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Н.М.(61) од Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од патничкото возило „дачиа сандеро“, додека со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и сопатничките Ј.Т.(24) и Ф.Т.(24) од возилото „дачиа“, двете од Битола, констатирани во…

прочитај повеќе

Денес попладне завршува Вевчанскиот Карневал

Со традиционалното василичарско оро и палење на маските во центарот на Вевчани, денеска попладне ќе заврши годинашното издание на Вевчански карневал. Палењето на маските симболизира бркање на злото, а вевчанци веруваат дека прочистени ќе ја дочекаат Новата година, според Јулијанскиот календар. Претходно зетот, невестата, ѓаволите и глупавите Августи заедно со останатите маскирани, ќе ги посетат семејствата, чии членови го носат името посветено на Свети Василиј. Во фокусот и на годинашното карневалско издание беа актуелните состојби во земјава и светот. Мигрантски кампови во земјава, политичката состојба во државата, инвестициите во Дубаи,…

прочитај повеќе

Нормализиран сообраќајот на патот Скопје – Штип

Сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип е нормализиран, информира АМСМ. Сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип утрово беше во целосен прекин, поради опожарено тешко моторно возило, четири километри пред патарината „Преод“.

прочитај повеќе

Житие: Обрезание на Господ Исус Христос

Во осмиот ден по раѓањето Божествениот Младенец Го донесоа во храмот и според постоечкиот закон во Израилот, како што беше од времето на Авраам, Го обрезаа.  Тогаш Му го дадоа името Исус, онака како што ? благовестеше на Пресветата Дева архангелот Гавриил. Старозаветното обрезание е предобраз на новозаветното Крштение. Обрезанието на Господ покажува дека Тој на Себе прими вистинско човечко тело а не привидно, како што подоцна учеа еретиците. Уште Господ е обрезан и затоа што сакал да се исполни целиот Закон, којшто Самиот го дал преку Пророците и Праотците.…

прочитај повеќе

 Патниот правец Скопје-Штип е во целосен прекин за сообраќај

ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ: Од околу 23:31 ч. на патниот правец Скопје-Штип, 4 км. пред патарина „Преод“ опожарено е ТМВ. Сообраќајот е целосно во прекин. СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози. АМСМ фото илустрација

прочитај повеќе