Патот кон село Герман е блокиран кај с. Станча, од паднато дрво-бор и истиот не е прооден

Известувањата од АСМС евидентирани во 04 часот утрово се следни: :Во 20.40 часот е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – с.Чегране поточно во с.Форино, поради излевање на реката Вардар и обилни врнежи од дожд. Сообраќајот се пренасочува од с.Чајле кон с.Старо Чајле према с.Форино Воведена е забрана за сообраќај на локалниот пат од „Тумчевишка Петла“ кон с.Тумчевиште и с.Чегране. Патот кон село Герман е блокиран кај с. Станча, од паднато дрво-бор и истиот не е прооден.  Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози.…

прочитај повеќе

Денес се празнува Светата маченичка Агатија

Светата маченичка Агатија е една од најпочитуваните ранохристијански светителки, позната по својата непоколеблива вера, храброст и духовна сила. Таа живеела во III век и пострадала за христијанската вера во времето на жестоките прогони под римската власт. Света Агатија била родена во градот Катанија, на островот Сицилија (денешна Италија), во благородничко и богато семејство. Уште од млада возраст ја прифатила христијанската вера и решила да му се посвети на Бога, ветувајќи чистота и духовен живот. Во времето на царот Декиј Трајан започнале сурови прогони на христијаните. Управникот на Сицилија, Квинцијан, слушнал…

прочитај повеќе

Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Гостивар – Стража – Кичево

ЈП „Македонијапат’ информира дека забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патот Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража се укинува од 17.20 часот Јавното претрпријатие претходно соопшти дека забрана за сообраќај на камиони  на овој патен правец се воведува од 17 часот поради обилни врнежи од снег.

прочитај повеќе

Снегот на Стража го затвори сообраќајот за тешки товарни возила

Од 17 часот е воведена забрана за товарни моторни возила на превојот Стража, информираат од АМСМ. „Од 17:00 час е воведена забрана за ТТВ на патниот правец Гостивар-Стража-Кичево и обратно заради обилни врнежи од снег и задржување на коловозот“, велат од АМСМ.

прочитај повеќе

Сојузот на синдикати денес ќе го блокира пристапот до Владата

Сојузот на синдикати денес, со блокирање на пристапот до Владата, ќе бара зголемување на минималната плата на 600 евра, а на сите други плати за 100 евра. Владата е третата институција што е блокирана од синдикатот откако минатата недела беа блокирани Парламентот и Стопанската комора. Блокадата е најавена за во 11 часот со 21 човек

прочитај повеќе

Вечна дилема св Трифун на 14 февруар или св Валентин?

Секоја година одново се дебатира , на 14 февруар дали се празнува св Трифун или св Валентин и дали е ден на вљубените? На 14 февруари се празнуваат два различни празници: Православниот свети Трифун (заштитник на лозарите и виното) и католичкиот свети Валентин (денот на љубовта). Изборот меѓу нив зависи од личните убедувања и традицијата – многумина ги слават двата, спојувајќи ја љубовта со виното. Спорд православната црква на 14 февруар се празнува св Трифун а св Валентин се празнува на 19 јули и на 12 август.

прочитај повеќе

Но, на божиќно утро, го разбуди звукот на тежок камион пред куќата…

Дедо Петар денот пред Бадник излезе со последните пари да купи леб, а се врати со искушението на целиот живот. Во снегот, најде дебел паричник полн со евра. Ѓаволот му шепна да го земе и да ги реши сите негови проблеми, да се стопли и да јаде барем еднаш.Но, кога ја виде сликата од бебе во паричникот и името на неговиот млад сосед Марко, дедо Петар стисна заби. Иако гладен и смрзнат, тој отиде да го врати туѓото „Не го донесов за да земам мито, туку затоа што е твој“,…

прочитај повеќе

Поучна приказна – Колку е тежок гревот?

Млад човек кој често се потсмеваше на Црквата и христијанската вера дојде кај свештеникот и го испрашуваше со потсмев: „Можете ли да ми кажете колку е тежок гревот? Нешто како 10-15-20 кг можеби? Прашувам затоа што постојано правам гревови, а сепак не чувствувам никаква тежина… „ Свештеникот го погледна и му одговори на прашањето: „Ако на мртов човек ставиш тежина од 100 килограми, кажи ми – дали ќе почувствува нешто? „ „Ништо, секако“, одговори младичот, затоа што е мртов. „ „Значи не чувствуваш ништо – затоа што си духовно мртов.…

прочитај повеќе

Двајцата браќа кои се смириле на Божик

Двајца родени браќа не зборуваа 20 години поради ограда, а потоа еден потег на Божиќ го сруши ѕидот меѓу нив. Селото Горње Стране беше затрупано со снег, а оџаците чадеа како локомотиви, најавувајќи го најрадосниот христијански празник. На крајот од селото стоеја две куќи – убави, големи, домаќински. Беа идентични, изградени во исто време, со иста фасада и ист покрив. Ги делеше само дваесет метри заеднички двор. Но, точно на средината од тој двор стоеше една грдосија – висока бетонска ограда, сива и студена, подигната пред точно дваесет години. Од…

прочитај повеќе

Селанецот, пекарот и судијата

Одамна некој сиромашен селанец секојдневно му продавал путер на селскиот пекар. Еден ден пекарот се посомневал во чесноста на селанецот и решил да измери дали путерот кој тој му го продавал навистина тежи 1 килограм. Кога го ставил на вагата имал и што да види – навистина селанецот му давал помалку од тоа што биле договорени. Пекарот толку многу се разбеснил што веднаш отишол кај судијата да го тужи. Судијата побарал да го викнат селанецот и го прашал дали користи вага и како знае колку путер треба да стави во…

прочитај повеќе